Куп грешки на таблите со албански имиња на струшките села

Сите поставени знаци на патот од Струга до граничниот премин Ќафасан се со грешни имиња на називите на населените места на албански јазик.
Вака треба да бидат напишани називите на албански јазик:
Франгово треба да биде Frëngovë
Калишта треба да биде Kalisht.
Радолишта треба да биде-Ladorisht
За жителите станува збор за скандал, кој веднаш треба да се исправи.
„Сообраќајните службеници велат дека не е наша грешка туку на тој што го правел преводот, а менувањето на имињата што се преведуваат од македонски на албански е скандал. Потребно е веднаш да се реагира и да се коригира табелата и да се постави со оригиналното име“, вели Џевдет Даути, претседател на месна заедница во Радолишта.
„Направена е грешка со имињата на селата и поставувањето на знаците, но треба да се корегираат овие грешки“, вели еден од локалните жители.
Џеми Хајредини, лингвист вели дека сето ова е недозволиво.
„Таму не се пишува ниту Радолишта, ниту Радолиштë, туку се пишува Ладоришт. Со овие табели се вратија во 20 век, не знам дали е криво јавното претпријатие Македонија пат и дали се консултирале со јазичната служба, но дали е едното или другото, ќе би било подобро ако однапред се консултирале со локалната власт или со кој било локален лингвист кој ги знае точните имиња“, вели Хајредини.
Од јавното претпријатие за државни патишта велат дека била констатирана ненамерна грешка кај 4 табли и дека во понеделник ќе се заменат со табли со соодветен превод. Но, екипата на Алсат изброја не 4, туку 8 табли со несоодветен превод.
Мики Трајковски