Пенизонери со блокади на влезот и излезот на Тетово

Со блокирање на влезовите и излезите во градот, пензионерите од Тетово изразија револт за неисполнување на барањето за линеарно зголемување на пензиите и минимална пензија од 20 илјади денари.
„Придружете се на нашиот протест. Власта не игнорира, не понижува, не ни ги покачи пензиите како што бараме. Тие си ги полнат џебовите, си ги зголемуваат платите за 78%, а нас не понижуваат. Придружете ни се граѓани, помогнете ни…“
„Ќе продолжиме понатаму, нема да се откажеме од нашите барања. Протестите ќе продолжат и на меѓународно ниво. Ќе се обратиме до меѓународните институции, ЕУ, американската амбасада и други. Бидејќи нашата Влада не ги слуша нашите барања, ќе ги известиме меѓународните институции за да видат какви пензии има нашата држава“, реагираат пензионерите.
Пред неколку дена министерката за труд и социјална политика Тренчевска рече дека нема да има линеарно зголемување на пензиите бидејќи тоа не одговара за сите пензионери.
Башким Сулејмани