ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска сончево и топло, со температури до 29 степени

Денеска времето во земјава ќе биде наутро свежо, а преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од три до 11 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до осум степени, а максималната ќе достигне до 28 Целзиусови степени.