ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голем пожар меѓу селата Мамутчево и Милино

Голем пожар со зафатена голема површина на сува трева и стрниште од вчера попладне, цела ноќ  и се уште утрово беснее во реонот помеѓу селото Мамутчево и селото Милино, кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина  Лозово. Од утрово со пожарот се зафатени и дрвца – борчиња.

Advertisements

– Засега поради силниот ветер во неговото гаснење не можат да се вклучат воздухоплови, информираат за МИА од Центарот за справување со кризи од Велес.

Тие информираат дека засега нема опасност од пожарот да зафати куќи од овие две села во Овчеполието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button