ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Kонфликтот меѓу Србија и Косово негативно влијае врз безбедноста во регионот

Актуелниот конфликт меѓу Србија и Косово има негативно влијание врз безбедносната ситуација во регионот, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник „Neue OZ“, на прашањето како ги оценува тензиите меѓу Србија и Косово и дали се плаши од нова балканска војна.

Advertisements

„Актуелниот конфликт меѓу Србија и Косово има негативно влијание врз безбедносната ситуација во регионот. Мора да се направат сите дипломатски напори за да се најде решение. Само ако ова успее, можеме да се концентрираме на развојот на регионот. Затоа, особено балканските земји мора да водат кампања за ова“, посочил министерот Спасовски.

Спасовски во интервјуто на германскиот весник се осврнал на неколку теми кои ја засегаат земјата, но и земјите од Европската Унија.

Така, на прашањето како Северна Македонија се справува со тоа што е главна транзитна земја за бегалците кои сакаат да влезат во ЕУ преку Балканот, Спасовски вели дека Северна Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба.

„Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во ЕУ. Ова е предизвик за Северна Македонија и за Европската Унија. Затоа, логично е да соработуваме со ЕУ на граница. Патем, ова не е ништо ново за нас. Седум години соработуваме со земјите од ЕУ за управување со границите. Распоредувањето на Фронтекс е логичен развој на оваа соработка“, објаснува Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button