ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Наутро врнежливо, попладне променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска во утринските часови во јужните делови ќе биде со локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје, како што информираат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 17 Целзиусови степени.