ВЕСТИРЕГИОН

Преминот „Јариње“ целосно отворен за сообраќај – затворени се други 20 „диви“ патишта

Преминот „Јариње“, по еден месец блокада, од утринава целосно е отворен за сообраќај, вели заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани, пренесува косовскиот портал „Коссев“.

Advertisements

„Од 8:30 часот утринава целосно ќе биде отворен граничниот премин ’Јариње’“, вели Елшани.

Премините „Јариње“ и „Брњак“ беа затворени на 24 септември откако во селото Бањска беше убиен наредникот на косовската полиција Африм Буњаку, а потоа избувнаа судири меѓу вооружена и униформирана група Срби и косовската полиција, кога беа убиени уште тројца.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button