ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Фон дер Лајен ќе ја посети земјава до крајот на месецов

Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија Урсула фон дер Лајен до крајот на месецот, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски додавајќи дека имало такави најави и од францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше во посета на Албанија по Самитот на Берлинскиот процес.
-Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија, до крајот на месецов, а претседателот Макрон неколку пати изрази желба и тоа јавна дека во некоја од неговите посети ќе ја посети нашата земја. Јас имав неколку средби со него, како и претседателот на државата, рече Ковачевски.