
Париз Сен Жермен на свој терен го совлада Алборг со 33:30, во рамките на 5.коло од Лигата на Шампионите. Победникот беше решен во последните минути кога парижани направија пресврт и ја сочуваа до крајот. ПСЖ стигна до четвртата победа во ЛШ сезонава, а Алборг остана со само две победи. Најефикасен кај ПСЖ беше Пранди со осум гола, а кај Алборг Хансен со седум.
А Целје стана редовен пациент на Барселона. Словенечкиот тим по 13-ти пат по ред губи од „каталонците“, на свој терен со 31-37. Тројца ракометари кај Барса постигнаа по пет гола и тоа Меме, Ване и Јанц. Кај Целје шест гола постигна Млакар.
Данскиот ГОГ го победи Монпеље со 32-27. Во оваа група Б, Барселона има пет од пет, а ГОГ е втор со скор од четири победи и еден пораз.