Времето денеска: Умерено облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде умерено облачно, со поизразена облачност во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 Целзиусови степени.
И во Скопје ќе преовладува слично време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
До сабота претпладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на утринската и дневната температура. Во сабота попладне и во недела претежно во западните делови од земјата ќе има појава на повремен дожд, наместа пороен и со појава на ретки грмежи.