ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Штрајк на вработените во обвинителствата

Околу 300 вработени во јавните обвинителства од целата држава денеска излегоа на штрајк во Скопје од каде што ѝ порачаа на Владата или да седнат на преговори уште денеска или од утре штрајкот ќе стане поригорозен. Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) остануваат на барањата за покачување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата од 35 отсто.

Advertisements

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, рече дека Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и по овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото судство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button