ВЕСТИСВЕТ

Евакуација во тек – Нови закани за бомби во Версајската палата и неколку француски аеродроми

Во Франција денеска се испратени закани за бомби на осум аеродроми, од кои три се евакуираат, јави ТВ БФМ.

Advertisements

Извештаи за подметнати експлозивни направи во текот на утрото добија аеродромите во Лил-Лекан, Рен, Бове, Тарб, Нант, Безје, Пау и Брест, од кои во тек е евакуација во Рен, Тарбес и Безје, пренесува ouest-france.

Поради закана денеска упатен е повик за евакуација и на Версајската палата.

И во претходните два дена, неколку француски аеродроми добија дојави за бомби, за кои беше утврдено дека се лажни. И Версајскиот дворец и музејот Лувр неодамна беа евакуирани од истите причини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button