
Основниот дел од американското фудбалско првенство заврши синоќа, а челниците на ова натпреварување имаат многу причини за задоволство.
Оваа сезона е историска во МЛС кога станува збор за посетителите на натпреварите бидејќи нив, со купена влезница, ги проследиле 10.900.804 гледачи. Во просек, тоа значи дека на секој меч биле присутни 22.111 лица што е нов рекорд во историјата на американското првенство.
Голем придонес за ова има трансферот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси во Интер Мајами што се рефлектира и на посетеноста на натпреварите на тимот од Флорида. Аргентинецот дојде на половина од сезоната и секако е најславното име кое некогаш играло во МЛС.