
Денеска почнува третото коло од Лигата на шампионите, дербито се игра утре во Париз каде ПСЖ ќе го пречека Милан, од денешните натпревари најатрактивен е дуелот меѓу Севиља и Арсенал.
Елиф Елмас го пропушти изминатото коло од Серија А поради ситна повреда, но таа е минато, македонскиот фудбалер е подготвен за вечерашниот предизвик, тој е во составот на Наполи кој е во Берлин на дуел со Унион. Денот ќе започне со натпревари на Баерн Минхен и Интер. Баварците гостуваат во Истанбул кај Галатасарај, а нероазурите го пречекуваат Салцбург.
Дербито на денот е во Севиља каде актуелниот освојувач на Лига Европа е домаќин на Арсенал. Манчестер јунајтед игра на “Олд Трафорд” против ФК Копенхаген, а Реал Мадрид гостува кај Брага. Денеска се играат уште и дуелите Бенфика – Реал Сосиедад и Ленс – ПСВ.