ВЕСТИРЕГИОН

Свечља: Имаме информации дека нови групи се обучуваат во Србија за напади во Косово

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вели дека косовските служби поседуваат разузнавачки информации за тоа дека во Србија се обучуваат други групи за можни нови напади врз Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Advertisements

Во синоќешното интервју на КТВ, еден месец по нападот во Бањска, на северот на Косово, Свечља рече дека дел од овие напади што се очекува да се случат, освен Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на партијата Српска листа, кој ја презеде одговорноста за нападот на 24 септември, ќе биде и лицето Звонко Веселиновиќ, кој ѝ е добро познат на полицијата и кого косовските и српските медиуми го споменуваат како една од главните фигури на организираниот криминал во северно Косово.

Според косовскиот министер, овие групи се обучуваат во српски армиски бази во близина на границата со Косово.

– Имаме разузнавачки информации дека се обучуваат други групи, дека не само Радоичиќ, туку и Веселиновиќ ќе биде дел од идните напади, доколку дозволиме да се случат, со единствена цел да се предизвика нова ситуација на теренот, при што позицијата на Србија би се подобрила во однос на нивната цел да го уништат Косово, рече Свечља.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button