
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред денешната посета на Брисел изјави дека претстојните средби нема да бидат лесни, но дека Србија е подготвена да разговара за новиот план на европските претставници за имплементација на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
„Тропаат на отворена врата кога е во прашање Белград“, рече Вучиќ на 25 октомври во гостувањето на Српската радио-телевизија (РТС).
Планот беше претставен од делегација на таканаречената „Големата петорка“ за време на нивната посета на Приштина и Белград на 21 октомври годинава.
Целта на денешните поединечни средби е да се разгледа европскиот предлог за формирање на Заедница на српските општини.
Владата на Косово на 25 октомври соопшти дека премиерот на таа земја, Албин Курти, го прифатил новиот план како рамка за понатамошни разговори.
Вучиќ пред денешните средби изјави дека се планирани разговори со Шарл Мишел, Жозеп Борел, Мирослав Лајчак и европското трио – Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони.