
Натпреварот меѓу Барселона и Шахтјор ќе остане запаметен по голот кој влезе во фудбалската историја. Имено, тоа е најбрзиот удар кој заврши во противничката мрежа. Ако може да се верува на она што го објави Барселона, рекордот е соборен, но ќе почекаме и официјална потврда. Барселона во рамките од третото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите на домашен терен го совлада украинскиот Шахтјор со 2-1 и дојде на чекор од пласман во осминафиналето.
Фермин Лопез ја погоди гредата во 28. минута, кога Феран Торес ја испрати одбиената топка во мрежата за водство на Барса од 1-0. Но, само осум минути подоцна Фермин Лопез сепак постигна гол.Феран Торес овој беше во улога на асистент, а Лопез испука „проектил“ во мрежата на тимот од Доњецк за 2-0 на семафорот. Тоа е голот кој синоќа испиша фудбалска историја.
Како што соопшти Барселона, ударот на Лопез одел 230 километри на час, што е апсолутен рекорд кога во прашање е гол на фудбалски натпревар. Досега рекордот го држеше Рони Хеберсон, кој постигна гол со брзина од 210 километри на час, додека настапуваше за Спортинг Лисабон.