ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса ја обвинува Арсовска за неаконско именување директори на училишта

Алијанса за Албанците ја обвинува градоначалничката на Град Скопје дека го прекршила Законот за средни училишта, при именувањето на тројцата в.д. директори во средните училишта „Кочо Рацин“, „8 Септември“ и „Арсени Јовков“. Според Aлијанса за Албанците, кандидатите не поседуваат сертификат за познавање на англиски јазик и не го положиле испитот за директор.

Advertisements

„Во средното училиште„ Кочо Рацин “, лицето Т.Б.,не е од редовните вработени во ова училиште и не го исполнува условот – положен испит за директори. Во гимназијата „8 септември“ за вд директор го именува лицето А.Ч., кое исто така нема уверение за положен испит за директор ниту уверение за познавае на англиски јазик. Следното училиште е гимназијата „Арсени Јовков“, во ова училиште Арсовска назначува лице кое нема ниту сертификат за познавање на англиски јазик“, вели Аријанит Река, Алијанса за Албанците.

Алијансата за Албанците ги повикува институциите да не молчат против овие незаконски дејствија на градоначалникот на Град Скопје и да преземат мерки.

“Бараме од Министерството за образование и наука да постапи во рамките на законот, да се врати законитоста во овие училишта со привремено одземање на надлежностите за образование од градоначалникот на Скопје.Алијансата за Албанците ќе покрене кривична постапка, за секоја институција и лице на водечка позиција, за сите случаи каде што не постапуваат по одлуките на просветниот инспекторат“, додава Река.

Град Скопје не одговори на прашањата на Алсат во врска со наводите на Алијанса за Албанците..Во меѓувреме, од Министерството за образование велат дека по прибирањето на сите информации ќе ги соопштат следните чекори.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button