ЗАБАВА

Внатрешните верувања се канали по кои течат вашите животни ставови


Во филозофијата на племето Убунту од Африка постои верување дека луѓето постојат само преку другите битија. Ова верување се коси со западниот поглед на светот, кој ги гледа луѓето како индивидуи. Но, во вистинскиот живот  ние навистина си требаме еден на друг пред се за да преживееме и да се одржиме! 

Едно дете целосно зависи уште од раѓањето од добрината на другите луѓе и без добрината на возрасните, детето нема да може да го преживе детството.

Како возрасни, ние исто така зависиме од другите. Во денешниот брз свет ниту една релација не постои сама по себе, во изолација. Ние зависиме од нашите интеракции  со луѓето, без разлика дали станува збор за тоа дали имаме контакт само со еден или пак со група на луѓе, дали комуницираме саmо вируелно или пак во “живо”.

Исто така, интеракциите  се  различни во различни контексти, па така различна позиција имаме кога комуницираме со фамилијата, пријателите, партнерот, децата или пак општеството.

На некој начин, ние зависиме од системот на внатрешни верувања за себе, за светот околу нас и за другите луѓе и затоа сме различни од различен аспект.

Според концептот на трансакциска анализа чиј основач е Др. Ерик Берн,  овие верувања се нарекуваат животни позиции или Ок-ејност.  Вашата животна позиција е ваше длабоко верување за себе, бидејќи преку неа вие се гледате себеси: во однос на себе, во однос на другите и во однос на светот во кој живеете.

На пример, кога сте под стрес можеби внатрешно верувате дека секогаш сте вие сте “виновниот”  за ситуациите. Или пак во услови на стрес, секогаш ги обвинувате другите бидејки тоа не е ваша работа. Можеби пак најчесто ги поставувате  другите на пиадестал а вие оној кој е “мал” и “неразбран”. Некои луѓе пак, веруваат дека се најдобри во се што прават (без разлика дали е тоа вистина или не!)

Постојат четри основни животни позиции преку кои можете да го откриете Вашиот доминантен животен став. Сепак за да бидете сигурен, во оваа вежба, одредете само една област од вашиот живот која ке ја набљудувате. На пример, размислете за вашиот животен став за љубовта или пак за професијата итн. Имајте во предвид дека повеќето луѓе имаат различни животни вредности за различни контексти (на пример: за колеги имате еден став, за пријатели друг).

Животна позиција:  Јас сум ОК -Ти си ОК
Во оваа позиција, ќе се гледаш себеси на позитивен и прифатлив начин кој може, но не мора да значи дека се согласуваш со другите. Ако ова е твоја базична или основна позиција во различни контекси, тогаш таа ќе го претставува твојот доминантен начин на битисување во светот. Ти ќе бидеш во интеракција со другите луѓе иако можеби нема да ти се допаѓа нивното однесување. Ова е многу важна позиција бидејќи важно е да се дистанцира однесувањето од личноста  во  секојдневната комуникација.

Животна позиција:  Јас не сум ОК – ТИ си ОК
Ако си во оваа позиција се гледаш себе си како помалку важен од другите, односно ја даваш својата моќ на другите и другите ги ставаш во горна позиција. Изгледа како да не сакаш да излезеш од срамот и неудобноста од својот живот и се криеш позади тоа.

Животна позиција:  Јас сум ОК – Ти не си ОК
Ако си во оваа позиција ти се ставаш себе си во горна позиција во однос на другите. Кога правиш нешто  за другите ти најчесто имаш  имплицитна или понекогаш и експлицитна порака преку  која им даваш до знаење на “другите” дека тие ја немаат таа способност да го направат тоа така добро како што ти можеш да го направиш, и истовремено тој свој  став го користиш за да на крај ги обвиниш.

Животна позиција:  ЈАС НЕ СУМ ОК ТИ НЕ СИ ОК
Ова е безнадежна и депресивна животна позиција која никаде не ве води. Ништо не е добро, јас не сум добар и другите не се добри! Ве молам, превземете чекори за промена на својот животен став веднаш!

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button