Пациентката (22) што почина од корона имала коморбидитети, тврдат здравствените власти

Смртта на 22-годишна бремена жена, за која властите велат дека била заразена со Ковид-19, ја шокираше јавноста, бидејќи таа е најмладата жртва од почетокот на пандемијата. Од Клиниката за гинекологија велат дека починатата на 22 ноември примала амбулантска терапија поради компликации во бременоста, но одбила да се хоспитализира во одделот каде што биле другите жени со Ковид -19, бидејќи на ПЦР тестот била негативна. Директорката на оваа Клиника рече дека имала типични симптоми на вирусот и не сакала да го загрозува медицинскиот персонал и трудниците од другите одделенија.
Јовановска рече дека откако пациентката го изгубила бебето, нејзиниот втор тест бил позитивен на Ковид-19 кога таа веќе се борела за својот живот, со над 30 мили-молови/на литар ниво на гликоза во крвта. Од дирекцијата на болницата „8 Септември“ велат дека починатата била донесена во кома. Директорот на болницата, Христијан Костов, ни рече дека пациентката била интубирана на механичка вентилација, но нејзината клиничка смрт била потврдена на 9 декември.
Се проценува дека 22-годишната бремена жена која починала како коморбитет имала дијабетес. Сепак, околностите околу нејзината смрт остануваат нејасни. Инаку, ова е шеста бремена жена, која почина како резултат на здравствени компликации предизвикани од Ковид-19.
Аднан Ќаили