
Низ дел од медиумите проструи лажна вест дека и таткото на Луис Диаз е пронајден, вистината е дека полицијата се уште го бара.
„Мирор“ наседна на лажните гласини дека полицијата го спасила и таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Диаз.
Но, официјална потврда за такво нешто немаше, напротив, полицијата уште е во потрага по таткото на Диаз. Во меѓувреме „Мирор“ сфати дека објави лажна вест, па ја избриша.
Луис Диаз поминува шокантни моменти откако неговите двајца родители беа киднапирани. Полицијата ја ослободи неговата мајка, во моментов се случува операција за да се пронајде и неговиот татко.