ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времетто денеска: Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.
Утрото ќе биде свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 Целзиусови степени.