ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Фон дер Лајен на средба со Ковачевски во Владата

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен официјалната посета на државава денеска ја продолжува со средба во Владата со премиерот Димитар Ковачевски, каде ќе биде пречекана со највисоки државни почести.
Веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
По средбите Ковачевски и Фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција по која ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ.
Претседателката на Европската комисија вчера попладне допатува во Скопје, по што имаше средба во вила Водно со претседателот Стево Пендаровски.