ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Дер Лајен: Изборот е ваш, сите имаат одговорност за иднината на државата

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски изрази надеж дека партиите ќе ги поддржат уставните промени, бидејќи, како што рече, сите тие имаат одговорност за иднината на државата.
„Изборот е ваш и затоа навистина се надевам дека сите страни, сите партии, ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните промени, затоа што се работи за вашата иднина и сите партии имаат одговорност за иднината на С Македонија“, рече Лајен.