Ковачевски објасни зошто Македонија беше воздржана во ООН за Газа

Премиерот Ковачевски денеска објасни зошто Македонија гласаше воздржано во Генералното собрание на ОН за резолуцијата со која се повикува Израел да го прекине огнот за да се помогне на цивилното население во Газа. Според премиерот, ваквата одлука била донесена поради тоа што во текстот на Резолуцијата на државата Јордан не бил спомнат терористичкиот напад на Хамас и правото на Израел да се брани, па затоа се гласало „за“ канадскиот амандман на Реолуцијата кој ги содржел овие елементи. Ковачевски повтори дека Македонија го поддржува хуманитарниот аспект на јорданската резолуција, која влкучува заштита на цивилите и пристапот до вода, струја и лекови.
„Одлуката за гласање не беше лесна. Одлучивме да гласаме воздржано, затоа што резолуцијата од една страна ги адресира хуманитарните прашања, со што се согласуваме и ги поддржуваме, но отуството на спомнувањето на она што Хамас го направи на седми октомври, не остава простор за поинаков пристап во однос на гласањето“, рече Ковачевски.