
Четирикратниот европски првак Ајакс пронајде ново решение за својата клупа. Холандскиот гигант е во голема резултатска криза и за излез од неа ндеес го именуваше Џон ван Шип како привремен тренер на Ајакс. Поранешниот играч на Ајакс, потпиша договор со клубот во кој ќе работи од 30 октомври 2023 до 30 јуни 2025.
Ван Шип и Ајакс се договорија тој да го води тимот кој се наоѓа на последното место на табелата во шампионатот на Холандија Ван Шип играше во првиот тим на Ајакс од 1981 година до 1992 година, по што замина во италијанскиот клуб Џенова.
Во 2017 година се вратил во Холандија да работи како тренер во Цволе, а подоцна од 2019 до 2021 година беше селектор на репрезентацијата на Грција.