ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува седницата на собраниската Анкетна комисија за скандалот на Онкологија

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да продолжи седницата на Анкетната комисија за скандалот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Advertisements

Во текот на вчерашното продолжение, пред членовите на Комисијата зборуваа поранешниот директор на Клиниката Никола Васев, атуелниот организациски в.д. директор Халид Матоши, неговиот поранешен колега Нехад Нухи и Билјана Настова, раководител на аптеката на Онкологија.

Васев истакна дека се земале лекови на реверс за да не им биде прекината терапијата на пациентите. Тој, како што рече, не чувствува морална одговорност за случувањата на Клиниката додека бил медицински директор. И Нухи потврди дека „имало моменти кога по одлука на медицинскиот директор, поради моментален недостиг, на реверс се набавувале лекови“, но тоа, напомена, било спротивно на Законот за јавни набавки. Потенцира и дека ја наследил Клиниката со долг од 200 милиони денари поради набавена, а неплатена биолошка терапија. Пред Комисијата Нухи тврдеше дека на никаков начин не си играл со судбината на пациентите и нивните семејства, дека не препродавал лекови, како и дека со незаконско работење не „билдал“ долгови на Клиниката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button