СПОРТФУДБАЛ

Кевин де Бруjнe, од јануари кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија

Кевин де Брујне по повеќе од осум години го напушта Манчестер Сити и најверојатно од јануари кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал-Наср од Саудиска Арабија. Работата наводно е веќе договорена и 32-годишниот ќе отпатува во Азија каде веќе се преселија многу ѕвезди.

Advertisements

Белгиецот е член на Манчестер Сити веќе осум години. Кај „граѓаните“ се стекна со статус на еден од најдобрите светски фудбалери, но се чини дека дојде време за збогување. Искусниот 32-годишен играч за врска најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

„Газета дело спорт“ наведува дека во овој случај сѐ е речиси готово и дека Де Бруин ќе прејде во Ал-Наср. Белгиецот во тимот на Ал-Наср ќе им се приклучи на Кристијано Роналдо, Садио Мане, Марсело Брозовиќ, Ејмерик Лапорт…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button