ВЕСТИРЕГИОН

Во пукање во Сараево убиен шеф на Шведска нарко мрежа

Шведски државјанин е убиен денеска во пукање кое се случило во сараевската општина Илиџа, јаавуваат босанските медиуми.

Advertisements

Според нив, станува збор за 30-годишниот Харис Естердал, кој во минатото бил осудуван за разни кривични дела.

Ларс Харис Естердал во 2017 бил осуден на четири години затвор за водење ланец на трговија со дрога, како и за давање мито и кршење на законот за оружје. За трговија со дрога бил осудуван и неговиот брат Денис.

Шведските медиуми објавија дека Естердал бил водач на наркомрежата „Профит“.

Пукањето се случило околу 16 и 30 часот пред супермаркет во населбата Булевар, кога двајца мажи на велосипеди истрелале рафал кон Естердал, кој бил погоден со десетина куршуми.

Притоа е ранет и еден државјанин на БиХ, кој бил меѓу десетината луѓе кои во тој момент биле пред супермаркетот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button