Можно воведување комунална полиција за да се спречи фрлањето отпадоци

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вели дека се размислува за воведување на комунална полиција која ќе го казнува редовното фрлање на отпадоци од страна на граѓаните.
„Контрола има постојано. Јас мислам дека ни е проблемот казнувањето. Планираме една активност, како една нова мерка, да речеме, зборуваме подолго време да се воведе комунална полиција во државата. Таа ќе може на лице место да изрекува казна исто како што сообраќаен полицаец да изрече казна за сообраќаен прекршок на лице место, истакна Шукова.
Таа потенцираше дека не е проблемот дали државата и локалните власти ќе интервенираат и ќе чистат, туку чистото така да остане. Особено тоа важи за местата како националните паркови, за каде е воспоставена пракса да се чистат депониите, но повторно се формираат.