СБ: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за нејзино загрозување

Безбедносната состојба во државата, е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување-ова е заклучокот од денешната седница на Советот за безбедност, на која се разговараше за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион. На Советот за безбедност била констатирана потребата надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено преземање на мерки и активности од нивна надлежност.
На седницата, надлежните претставници на институциите информирале за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата и поширокиот регион, вклучувајќи ја руската агресија врз Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во Република Косово. По состанокот, од Кбаинетот на претседателот информираа дека „Република Северна Македонија, како членка на НАТО е во редовна координација со Алијансата и сојузниците по однос на активности кои се преземаат за зајакнување на безбедноста во евро-атлантскиот простор“.