ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлог законот за амнестија на собраниска седница, најавени амандмани и од опозицијата и од власта

 Предлог законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога, е на дневен ред денешната 129. седница на Собранието на Република Северна Македонија. Предложениот закон е 26-та точка на дневниот ред. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат  од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.

Advertisements

Со овој закон, како што стои во образложението, се уредува ослободување од извршување на казна затвор (амнестија) лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале или не започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во државава и лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривични закони на друга држава доколку сторителот е државјанин на еверна Македонија и казната ја издржува воСеверна Македонија врз основа на извршување на кривична пресуда на странски или меѓународен суд и истата е признаена со пресуда на надлежен суд во Северна Македонија, согласно меѓународен договор ратификуван согласно Уставот на Република Северна Македонија.

-Осудените лица од член 1 од овој закон на кои им е изречена казна затвор до шест месеци,
потполно се ослободуваат од издржување на казната. Осудените лица од член 1 од овој закон на кои
им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Осудените лица од член 1 од овој закон на кои со правосилна пресуда им е изречена единствена казна затвор, се ослободуваат од издржување на единствената казна затвор за 30 отсто во делот на претходно утврдените поединечни казни опфатени со амнестија. Доколку во единствената казна затвор е утврдена казна затвор за кривично дело кое не подлежи на амнестија, осудениот од член 1 од овој закон се ослободува од издржување на казната за 30 отсто само во делот на претходно утврдените поединечни казни опфатени со амнестија, се посочува во Предлог-законот за амнестија.

Со него се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно да бидат амнестирани 996.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button