СПОРТ
Фјучрсот во Хераклион, Лина Ѓорческа стигна до четвртфиналето

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на експресен начин се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во грчки Хераклион.
Во осминафиналето на Фјучрсот вреден 40.000 американски долари нашата тенисерка славеше над Италијанката, Софија Рокети со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-1.
Во четвртфиналето Ѓорческа за противник ќе ја има австријката, Сиња Краус која е шеста носителка на турнирот./Ekipa/