МАКЕДОНИЈА

Јавната седница на Апелација за „Меѓународен сојуз“ одложена за 15 декември

Јавната седница пред Апелациониот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ- 153-22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз” денеска се одложи за 15 декември.

Advertisements

На денешната седница во Апелација присутна беше само обвинетата Јасна Ерцеговиќ и адвокатите Стеван Павлески и Владимир Туфегчиќ, како и јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Судијата Зоран Димитриевски, констатираше дека обвинетиот Бојан Јовановски е уредно поканет, но не е спроведен од КПУ Идризово, додека неговиот татко, обвинетиот Миле Јовановски не е присутен, но судот нема доказ за уредна покана.

– Имајќи го предвид наведеното. За денешната јавна седница нема доказ за уредна покана на обвинетиот Миле Јовановски. Советот оцени дека не се исполнети законските обврски за одржување и се одлага за 15 декември, информира Димитриевски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button