ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Адеми: Вмешувањето на политиката во судството е присутно, не се почитува уставното начело на поделба на власта

Вмешувањето на политиката во судството во нашата држава е присутна појава и тоа е веќе нотирано како проблем кој ја нарушува неговата независност. Факт е дека не се почитува уставното начело на поделба на власта. Постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт. Но, ние како Врховен суд и како највисок суд во државата не дозволуваме и не смееме да дозволиме преку таквите обиди да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед, односно угледот и авторитетот на Врховниот суд, вели претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Advertisements

Во интервју за СДК.мк Адеми, посочува дека не смеат да дозволат политичките интереси да се кршат на грбот на судството и дека затоа е битен личниот интегритет и судската култура што ја градел низ годините секој судија, но важна е солидарноста меѓу судиите, бидејќи тоа испраќа порака и до оние што вршат притисоци, но и до јавноста дека судството ќе опстои на своите темелни вредности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button