ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Молк од Правда дали Лога ќе инсистира на закон за амнестија

Министерството за правда го крие датумот кога по редовна постапка ќе го поднесе предлог-Законот за амнестија, кој не беше одобрен од Собранието. Од Министерството за правда, иако побаравме одговор кога предлого ќе биде пуштен во процедура како што најави министерот Кренар Лога, одговор не добивме. Неофицијално  се дознава дека Владата не е подготвена да прифати ваков предлог затоа што законот нема да го даде посакуваниот ефект – како што беше примерот со претходниот закон. Дека законот не ја намалува пренатрупаноста на законите  покажуваат и податоците што Лога им ги предаде на новинарите пред неколку дена. Бројот на лица кои повториле кривични дела и кои моментално се во затвор е поголем од бројот на лица кои првпат ја издржуваат ефективната мерка затвор.

Advertisements

Пратениците вчера со мнозинство гласови „против“ го отфрлија предлог Законот за амнестија, а министерот за правда, говорејќи во својство на предлагач на законот во Владата, рече дека не е одбиен негов предлог, туку на Владата, и затоа нема да биде загрозено парламентарното мнозинство. Но, пратеникот на Алијанса за Албанците Халил Снопче во интервју за Алсат го вели спротивното. Според него, во наредните денови партиските органи ќе размислуваат за понатамошно учество во Владата.

„Партијата има свои органи. Ова е преседан, ние во партиските органи ќе ја разгледаме нашата идна активност. Прашањето не треба да се поставува само до Алијанса каков ќе биде нашиот чекор. Зошто не поставиме хипотетичкото прашање дали СДСМ ќе ја напушти Владата. Ова е хипотеза“, рече Снопче.

Предлогот кој беше отфрлен од Собранието предвидуваше целосна амнестија за лицата осудени на ефективни затворски казни до 6 месеци и 30 отсто од мерката за лицата со повисоки казни. 286 луѓе требаше да бидат целосно ослободени, а повеќе од 960 други ќе имаат добиеа делумна амнестија.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button