Лога ќе бара отчет од СДСМ зошто гласаа против законот за амнестија

На следниот состанок на Владата, министерот за правда, Кренар Лога, ќе побара појаснување од министрите на СДСМ за гласањето против предлог-законот за амнестија, кој не беше усвоен од Собранието во четвртокот. Лога вели дека ќе продолжи да нуди законски решенија за намалување на бројот на затвореници во затворите, но без да нагласи дали новиот предлог со редовна процедура ќе биде доставен до Владата или преку пратеничката група во Собранието.
Иако тој ја упати вината до владата за неуспехот да помине законот, Лога во својство на министер им се извини на семејствата на осудените лица за лажната надеж. СДСМ остануваат на ставот дека понудените одредби нема да го решат проблемот со пренатрупаноста затворите. Пратеникот Мартин Костовски, рече дека одлуката за тоа дали ќе гласаат или не, ја носат врз основа на тоа какво решение се нуди со предлог законот.
Лога изјави дека со неизгласувањето на предлог законот за амнестија не се загрозува парламентарното мнозинство, но пратеникот на Алијанса за албанците Халил Снопче изјави дека партиските органи сепак ќе разговараат за ова прашање и ќе размислат за понатамошното учество во Владата. Предлог-законот предвидуваше целосна амнестија за осудените на затворска казна до шест месеци, односно 286 и 30% од мерката за оние со повисоки казни. Во моментов, бројот на луѓе кои го повториле кривичното дело и се во затвор, е поголем од бројот на лица кои отслужуваат ефективна мерка затвор за прв пат.
Адриан Керими