ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започнува втората сезона на „Полиграф“ – емисија за разоткривање дезинформации и неточни вести

Започнува втората сезона на „Полиграф“ – емисија за разоткривање дезинформации и неточни вести

Институтот за медиуми и аналитика ИМА во соработка со Телевизија Алсат започнаа со продукцијата на втората сезона на ТВ емисијата „Полиграф“, која, од вечерва, ќе се емитува секоја недела во 19:30 часот, веднаш по главните вести на оваа национална телевизија.

Advertisements

ИМА и ТВ Алсат очекуваат емисијата да продолжи со успесите од минатата година, кога имаше просечна гледаност од речиси 80.000 гледачи, и беше една од најгледаните емисии продуцирани од телевизијата.

„Секаде во светот, а и кај нас дезинформациите претставуваат сериозен безбедносен проблем, кој ја поткопува демократијата, предизвикува поларизација и конфликти во општествата, и ја нарушува довербата и во институциите, но и во медиумите. За да биде успешна борбата против дезинформациите, во неа треба да се вклучат и влијателните медиуми, особено телевизиите кои имаат големо влијание кај јавноста и публиката. Среќни сме што за ова наидовме разбирање кај ТВ Алсат, која е прва национална телевизија во земјава која воопшто има содржина наменета за справување со дезинформациите“, вели Петрит Сарачини од ИМА.

Емисијата е динамична, не трае повеќе во 10 минути, а во неа се содржани 3 прилози кои разоткриваат дезинформации објавени во влијателни медиуми или на социјалните мрежи, но нудат и совети и вештини за зајакнување на медиумската писменост и критичкото размислување кај публиката.

И годинава, како и минатата година, ќе бидат продуцирани 24 епизоди од „Полиграф“. Серијалот на емисии се реализира со поддршка од Амбасадата на САД во Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button