Се уште нема решение за вдомување на две семејства од Гостивар чии дом изгоре во пожар

Веднаш по пожарот пред две години и централната и локалната власт ветија дека ќе ги реновираат домовите, но нивните ветувања останаа само зборови додека членовите на нивните семејства останаа по отворено небо.
Неможејќи да ги обноват домовите кои беа опожарени и во отсуство на помош од државата и локалната власт, овие две семејства беа принудени да се снаоѓаат како можат и умеат, создавајќи ги овие простории кои не се заштитени ниту од ветрот, ниту од дождот.
Даринка Бошкова околу 60 години вели дека во овие услови ја чека зимата, додека со солзи во очите објаснува дека често денот го поминува без леб. Таа бара помош од жителите барем да и обезбедат огревно дрва и малку храна. Порано имала работа, но лошите услови за живот и го нарушиле здравјето, а сега не може да работи ниту за леб.
Башким Сулејмани