ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Македонија е на колена

ВМРО-ДПМНЕ бара доверба од граѓаните за да обезбеди мнозинство од 61 пратеник во Собранието. Првиот човек на партијата Христијан Мицкоски вели дека на државата и треба спас и реформи. Мицковски им посочи на прилепчани дека во последните шест години државата е на колена. Истакна дека заедно со граѓаните ќе се бори да го обезбеди потребниот број пратеници, за да не разговара со идните потенцијални партнери, како што рече врз основа на лични амбиции, но да се направат сериозни реформи.