Социјалната помош не ги исполнува ниту најосновните животни потреби

Има многу случаи кога граѓаните се жалат дека им се ускратуваат правата на социјална помош. Во анкета на Алсат, дел од жителите на општина Сарај го изразуваат своето незадоволство од висината на социјалната помош што ја добиваат, бидејќи таа не ги покрива ниту најосновните барања за живот. Некои се жалат и на блокирање на нивните банкарски сметки, некои на губење на правото на користење на помошта поради каква било помош што ја добиле од нивните роднини или дури и поради проблеми при комплетирањето на документите.
„Сите документи се во ред, но шест илјади денари се многу малку. Одам секој месец или на два месеца се пријавувам во Завод, тоа е тоа“…
„Јас сум корисник 23 години и немам проблем. Со примања сме многу слабо, јас досега имав 7.800 денари, а сега 10.800. Сега сум во нова куќа, плаќам струја и друго, не можам да излезам на крај. Многу е тешко, имам и две ќерки на училиштеи тешко ми е да се справам“, реагираат граѓаните.
Од Центарот за социјална работа признаваат дека голем број поплаки доаѓаат од општина Сарај, но на отворениот ден за средби со социјалните работници жителите на Сарај не покажале интерес да се информираат зошто можат да бидат одбиени за одредена социјална помош.
„Најголемите барања што ги имаме или најмногу проблеми што сум ги слушнал од граѓаните, се конкретно од оваа општина. Тие навистина не се информирани за своите права. Мојата иницијатива како директор на Центарот за социјална работа беше да ги слушнам нивните проблеми и барањата што ги исполнуваат сите услови да бидат процесуирани што е можно пократко, граѓаните да не чекаат со месеци или години. Конкретно, не се сретнав со ниту еден граѓанин“, вели Изеир Мемеди, директор на Центарот за социјална работа.
Според Центарот за социјална работа, само во Скопје во моментов се регистрирани 55.149 корисници на социјална помош, вклучувајќи ги сите наведени категории.
Мелихате Рустеми