ВЕСТИСВЕТ

ИДФ: Градот Газа е целосно опколен, подготвени сме во секој момент за офанзива на север

Израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го опколија градот Газа и стигнаа до морето, со што појасот Газа практично е поделен на север и југ, изјави на брифинг портпаролот на армијата, бригадниот генерал Даниел Хагари.

Advertisements

И началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, синоќа изјави дека армијата е подготвена „во секој момент да почне офанзива на север“, каде Израел се граничи со Либан и во последните недели се бори секој ден против ракетните напади на либанската милитантна група Хезболах.

„Силите на ИДФ од пешадиската бригада Голани денеска го опколија градот Газа, стигнаа до морето и држат позиции. Градот Газа е исто така опколен од југ, и всушност сега постои север на Појасот Газа и југ. Се уште постои коридорот по кој жителите од северот на енклавата и Газа можат да се движат кон југ“, рече Хагари, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека армијата во моментов изведува опсежни напади во Појасот Газа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button