СПОРТ

Тамират Тола победи на маратонот во Њујорк, co нов рекорд на трката

Атлетичарот од Етиопија, Тамират Тола победи на маратонот во Њујорк. До победата стигна со време од два часа, четири минути и 58 секунди, што е и нов рекорд на трката.

Advertisements

Кениецот Алберт Корира ја мина целта на второто место, со една минута и 59 секунди заостанување, додека Шур Китете од Етиопија го освои третото место.

Тола беше светски првак во 2022 година, но поради стомачни проблеми не можеше да ја брани титулата летово на шампионатот во Будимпешта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button