ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи кажа каков извештај очекува ов ЕК

Шефот на дипломатијата Бујар Османи очекува објектвен извештај од Европската комисија, во кој ќе има признание за постигнатото, но и критика за сите слабости во државата.
-Очекувам објективен извештај. ЕК обично е објективна во своите проценки. Мислам дека ќе има и пофалби во однос на постигнувањата, се разбира ќе има и критики во однос на одреден слабости, коишто ги има државата. Токму затоа правиме напори да ги отвориме поглавјата за да ги адресираме слабостите. Ние сите сме свесни дека државата денес не е спремна за членство во ЕУ, но далеку е спремна за отворање на поглавјата за да ги адресира токму тие слабости коишто очекувам да ги констатира ЕК во извештајот, изјави Османи.