Тото Волф: Ова беше најлошиот викенд во последните 13 години

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, викендот во Сао Паоло го нарече „неприфатлив“, па дури и најлош во неговата кариера. По одличните изданија во Остин и Мексико Сити, и една година по победата на истото место, Мерцедес се надеваше на уште едно одлично издание на Интерлагос. Сепак, викендот во Бразил беше кошмарен за Мерцедес. Луис Хамилтон и Џорџ Расел во квалификациите се мачеа со брзината, а во спринтот и самата трка имаа проблем со темпото во трката.
Епилогот на се беше четвртото место на Расел во спринтот и откажувањето во 57-от круг од трката, додека Хамилтон беше седми во спринтот, а ден подоцна на официјалната трка осми.
„Имплементацијата на перформансите беше добар, но моментумот не се засноваше на тоа да бидеме речиси најбрзи во еден момент, а во следниот да завршиме таму каде што завршивме… на осмото место. За мене лично ова беше најлошиот викенд во последните 13 години.
Тотално збунувачки и во исто време неприфатливо за сите нас. Ние сме одговорни, ние сме солидна екипа, но не изгледаше дека сме солидна екипа“.
Гледајќи ги последните три трки, бевме една секунда зад Макс, а една недела подоцна не нема никаде. Мислам дека ова едноставно не е во ред,“ рече Волф.
Мерцедес додаде дека нема едноставен одговор зошто во Бразил имале толку лошо темпо во трката. Сепак, Волф призна дека биле премногу конзервативни со висината на болидот, што може да биде значаен фактор.