Тетово може да остане без вода за пиење

Тетово може да остане без вода за пиење. Недостигот на врнежи од дожд и снег се главна причина за намаленото количество на вода кое не ги задоволува барањата на градот за вода за пиење. Од јавното комунално претпријатие велат дека се активирани и алтернативни извори, но сепак, количината на вода е недоволна. Од таму ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни со користењето на водата и да ја користат рационално. Од општина Тетово пред две години најавија физибилити студија за за долгорочно решавање на проблемот со водата за пиење во Тетово, но до сега нема конкретен исчекор во таа насока.
„Ни недостасуваат околу 140 литри вода во секунда. Со исклучување на системот Лешница, губиме 140 литри, што е потребната количина за градот. Во моментов имаме вкупно 220 литри од сите извори. Рестрикциите се најтешката форма на тоа што треба да се преземе, бидејќи се соочуваме со застарен систем и по секое запирање, ни се појавуваат големи дефекти, бидејќи така губиме многу, тоа е бесмислено. Горните делови на градот, или периферијата, ќе страдаат повеќе, иако се обидуваме да ги снабдуваме барем да ги пополнат резерварите, но и целиот град ќе страда“, рече Љуљзим Исмаили, ЈП „Тетово“- Тетово.