МАКЕДОНИЈА

Транспорт: До 31 декемвери одлука за договорот со Синохидро

Од Министерството за транспорт и врски соопштија дека е ангажиран експерт за Фидик договори кој треба да обезбеди анализа на договорот како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид.

Advertisements

Ова е потребно од причина што рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш треба да се донесе одлука за дореализација на овој проект. Од Министерството за транспорт додаваат дека појавени се единесет нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експрети кои ќе дадат предлог проектански решенија и мислење за целокупниот проект.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button