ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Продолжение на комисиската расправа за избор на член на Уставниот суд

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжи седницата за Предлогот за избор на судија на Уставниот суд.
Седницата на Комисијата вчера беше прекината на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески кој во процедурална забелешка оцени дека претседателката Марија Георгиевска ја свикала неделовнички. Мицески наведе дека поканата ја добиле во петокот но не им биле доставени материјали за точката од дневниот ред, иако деловнички така требало да постапува Георгиевска.