СПОРТФУДБАЛ

Јувентус во мисија да го доведе напаѓачот на Сасуоло

Италијанскиот калчолигаш Јувентус повторно ќе се обиде да го доведе Доменико Берарди, фудбалерот на Сасуоло и италијански репрезентативец кој со „аѕурите“ го освои Европското првенство пред две години. Првиот, неуспешен обид се случи на почетокот на актуелната сезона, а во текот на зимата Јувентус ќе се обиде да ја повтори зделката со Сасуоло како што го доведе Мануел Локатели, актуелниот играч за врска на „старата дама“.

Advertisements

Јувентус прво ќе се обиде да го доведе Берарди на позајмица, со обврска да го откупи договорот. На тој начин веднаш би имале играч на располагање, а трошоците за трансфер би биле распоредени на неколку години. Сасуоло за Берарди бара околу 30 милиони евра, а напаѓачот има валиден договор до јуни 2027 година.

За италијанската репрезентација Берарди одигра 27 натпревари и постигна осум гола, а оваа сезона крилниот напаѓач веќе постигна гола за својот клуб во Серија А.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button