ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Т’зи знаме, не е знаме“ – Ковачевски со еден аршин за Курти, со друг за Ахмети

Пристапот со двојни аршини на премиерот Димитар Ковачевски не е нова појава. Шефот на Владата преку своите изјави веќе неколку пати ја делеше правдата на конец, покажувајќи за кого законот важи, а за кого стратешката определба. Премиерот денеска ја минимизираше употребата на картата на етничка Албанија во кумановското село Сопот, поставена пред неколку дена за време на комеморацијата на жртвите од масакрот во Сопот во 1944 година, каде дојде и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Ковачевски рече дека ваквите карти повеќе не се важни, но додаде и оти таа била ставена на приватен имот.

Advertisements

Но, што изјави Ковачевски и како постапија Владата и истражните органи во случајот со развеано исто такво знаме, но при посетата на премиерот на Косово, Албин Курти во Тетово во август годинава?

За овој скандал, според Владата, на средба беше повикан и амбасадорот на Косово, а полицијата започна истрага за идентификување на лицето кое го веело знамето на етничка Албанија.

„Сметаме дека поставувањето знамиња кои не се национални знамиња е спротивно на протоколите и законите за организирање демонстрации во присуство на странски делегации. Во исто време, видот на иконографијата забележана во манифестацијата во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветен и недозволен за земја-членка на ОН и за земја членка на НАТО“, рекоа од Кабинетот на Ковачевски.

На 6 септември полицијата потоа информираше дека го открила идентитетот на лицето кое го вееше знамето и оти против него е поднесена кривична пријава за поттикнување меѓунационална омраза.

Но, за случајот со Сопот полицијата не презеде мерки бидејќи црната плоча е отстранета и нема да остане во дворот на музејот.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button